Outdoor Boot Camp with Bubalo!

Летен викенд предизвик со Елена Бубало, Микс Аеробик Скопје

Ако сте спремни за физички предизвик, ако сакате да се чувствувате фит или да се одржите во форма, ако ви се ужива во зајдисонцето на Св. Наум и охридските свежи утра, ако ви се јаде гурмански добра, но здрава и балансирана храна тогаш ова е тоа што Ви треба…

После успешниот викенд во П.Д. Караџица, исполнет со дружење, вежбање, здрава исхрана и чист планински воздух, авантурата со летните фитнес кампови на Елена Бубало и Микс Аеробик Скопје продолжува. Овој пат локацијата е на најјужната точка од Охридското Езеро, Комплексот Св. Наум. Ве очекува интересна содржина исполнета со физички предизвици, планинарење, јога, здрава исхрана.

Кампот е наменет за сите кои сакаат да потрошат калории, да ги подобрат своите фитнес способности, флексибилноста и мобилноста, да си ја зголемат самодовербата, да почнат да уживаат во вежбањето и да изгледаат добро. Од релаксираните утрински јога сесии, преку планинарската тура на Галичица, до интензивните тренинзи со Елена на отворено, ќе бидете мотивирани и ќе успеете да исполните предизвици кои досега ви биле невозможни.

Краен рок на пријавување е 11.07 (петок), а повеќе информации можете да добиете на овој линк и на овој линк. Ако веќе сте планирале викенд во Охрид или патот ве носи во овој предел, постои опција да се пријавите само за тренинзите и останатите активности. Побрзајте, местата се ограничени…

Ако за момент се поколебавте, погледнете како помина претходниот БУБАЛО ФИТНЕС КАМП НА КАРАЏИЦА!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија