Наслов

Летен тренинг на плажа во Претор

Во неделата на 13 Јули на плажата Galaxy beach - Преспанско езеро (Претор) по 3 пат се одржа Традиционалниот „Летен тренинг на плажа - Beach Body Workout 2014“ во организација на Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ од Битола *(Кунг фу клуб "Битола" - Битола), а во реализација на Диди Тае Бо Тимот.

На настанот учество зедоа повеќе од 400 учесници од цела Македонија. Умешноста и професионалноста на организаторката на настанот професионалниот тренер по боречки вештини, фитнес и спортски менаџер Дијана Неделковска, беа една од главните причини вљубениците во спортските активности да пропатуваат и повеќе од 200 км. само за да бидат дел од оваа манифестација.

Од оваа година самиот настан завзеде и интернационален карактер со учеството на гости од соседна Република Грција. Четирите часови физичка активност и забава на топлото време на брегот на Преспанското езеро беа премногу кратки за гостите кои за овој настан од отворен тип се подготвуваат една година однапред. Помагателите, кои исто така ја препознаа големината и благородноста во и ваквиот начин на промоција на спортскиот дух, се погрижија секој учесник во програмата да го почувствува професионалниот пристап во организација , со обезбедување на мало изненадување за секого.

Богатата програма се состоеше во презентација на четири различни фитнес програма од различни презентери, а на самиот почеток беше промовирана новата фитнес програма осмислена од основачот Дијана Неделковска именувана како “Top Fitness System “. На огромно задоволство на сите присутни учесници и гости на крајот, се одржа и неформален дел од програмата со забавно, спортско – рекреативни содржини.

Огранизаторот на самиот крај само кратко изјави дека веќе се работи на програмата за следната година која според првичните идеи ќе биде поопширна и најверојатно ќе се одржи во повеќе денови, со најава на поголем број искрени помагатели и голем број на медиумски покровители. Полека, но сигурно овој настан од клубски тренинг на плажа во овие три години преминува во професионална спортска манифестација со меѓународен карактер.

15 Јули 2014

За авторот