Лепеше Ленка германска лепенка

Со оглед на денешната технологија на правење фудбалски топки, каде се нема „ш“ од шиење со игла и конец, Ленките на Кочо ги модификувавме во лепенки. Во овој случај, тие водат потекло од Пакистан, лепат една топка за германска фирма со која ќе се игра на бразилското Светско првенство.

 

Кога за прв пат ја осетил моќта на фудбалот на едно Светското првенство, во 2006 година во Германија, сопственикот на една пакистанска фабрика за топки започнал да сонува токму неговата фабрика да биде таа што ќе ги произведува округлите есенции за вакви големи турнири.

 

Оваа година на Каваја Актар му се исполни желбата, неговата фабрика го доби тендерот за произведување на Бразука, топката со која ќе се игра овогодинашното Светско, ама има само 33 дена за да ја исполни.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Ројтерс 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија