Лазаров во најдобриот светски ракометен тим за 2014

Според гласовите на публиката и 23-членото жири одбрано од handball-planet.com денеска беа избрани најдобриот ракометар и најдобриот светски мешан тим за 2014 каде што македонската „машина за голови“ Кире Лазаров беше избран како најдобар десен бек. 

Публиката имаше можност да гласа во периодот од почетокот на ноември до 4 декември, а жирито од 23 светски спортски новинари го дополни гласањето на најдобар ракометар, најдобар светски тим и најдобар тренер за 2014 година во изборот формиран од handball-planet.com

За најдобар ракометар беше прогласен Никола Карабатич од Барселона, а нашиот Кире Лазаров влезе во најдобриот ракометен тим за 2014 на позиција десен бек. Покрај него во тимот се избрани и: дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург), лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона), лев бек – Микел Хансен (ПСЖ), среден бек – Никола Карабатич (Барселона), десно крило – Лук Абало (ПСЖ), пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце), голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија