4 aприл | Кино Фросина – МКЦ | 20 часот

LA LISTE: Redefining Steep Skiing – премиера во Maкедонијa

Документарен филм во кои се споделени бројни искуства од скијачки легенди, минати и сегашни, кои едногласно коментираат дека Jérémie Heitz е најбрзиот скијач на светот, човекот кој ги постави границите на ски алпинизмот далеку погоре.

Нови граници во скијањето, бруталните и најстрмни алпски падини во листата на младиот скијачки феномен, швајцарецот Jérémie Heitz. Тој се постави пред сопствениот предизвик да ги скија петнаесте најстрмни алпски врвови над 4.000 метри, во само две ски-сезони. За да го реализира тоа, му беа потребни огромна физичката издржливост, ментална сила и брзина. Тој ја постави новата граница во екстремното скијање и фрирајдингот.

Програма:

  • Маја Мухич – презентација за турно искуства од Шар Планина
  • Мики Саздовски – премиерен фрирајд филм.
  • Премиера на филмот LA LISTE: Редефинирање на екстремното скијање

Повеќе детали за филмот:

Jérémie Heitz е еден од најдобрите фрирајд скијачи. Го сметаат за најбрзиот скијач во овој спорт денес. Никој не ги напаѓа линиите како Jérémie. Тој ја создаде “to do” листата на екстремно стрмни алпски врвови кои сакaше да ги скија. Како продукција го следевме Jérémie во текот на целата стрмна ски сезона како што тој се обидуваше да ја постигне својата цел. Но, повеќето од овие спуштања се “екстремни”. Многу е мала групата на скијачи и сноубордери во светот, кои се приближуваат на овие екстремни спуштања на овој “фрирајд” начин. Во овој филм тој ќе вози со дел од нив обидувајќи се да пронајде каде е тенката линија помеѓу фрирајдот и она што сега се смета за “екстремно”.

Џереми, има длабока благодарност кон историјата на овој спорт. Со цел да се подобри како спортист, тој се обидува да учи од легендите на овој спорт, пионерите кои ги отворија некои од овие линии. Денес постојат само неколку од овие одбрани скијачи на кои може да се обрати и да побара совет при подготовка на неговата листа.

Овој филм прикажува неверојатни фрирајд сцени и го прикажува пристапот на Jérémie Heitz кон скијањето и тестирањето на неговата способност за да ја заврши зацртаната цел, листата.

* * *

Картите се веќе во продажба, а може да се купат само на билетарата во МКЦ, по цена од 150 денари. Не губете време бидете дел од исклучителен настан!

Повеќе за настанот

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија