Квалитетен семинар, доделени повеќе појаси на членовите на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”

Вчера се одржа квалитетен семинар за Бразилска Џиу Џица и ММА под водство на Проф. Роберт Наумоски, а во организација на Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.

Семинарот беше составен од два дела и тоа

  • семинар за БЏЏ (техники со кимоно) и
  • семинар за ММА.

На семинарот присуствуваа повеќе членови од нашите “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” клубови од Скопје, Охрид, Куманово и Прилеп, но имаше и учесници од Бугарија, од други боречки вештини (аикидо, крав мага, нинџуцу), друг градови од Македонија (Тетово, Битола), представници од најквалитетните Специјални Одреди на Полицитата и Армијата (Единица за брзо распоредување, Тигри, Волци, Воена Полиција итн…).

 

Проф. Наумоски презентираше повеќе техники кои се потребни за нашиот тим да ги има во својата тренинг програма, техники за зафат на нозете (секогаш интересни за учење),но и техники од самоодбрана кои се применуваат во денешните ММА борби.

 

На семинарот Порф. Наумоски додели повеќе повисоки појаси во БЏЏ и тоа

  • нови виолетови појаси се : Александар Заткоски, Александар Јакимовски и Бојан Диков;
  • нови плави појаси се: Дејан Чолески, Благоја Трајчевски, Мартин Стефановски, Стефан Пецевски, Андреј Петрушевски, Никола Костадиновски, Александар Димовски, Васко Дреноски, Јане Стефановски, Калин Марковиќ, Димитар Радевски и Стефан Митров.

Им честитаме на на нашите членови кои заслужено се стекнаа со повисоко звање во БЏЏ.

Проф. Наумоски уште цел месец ќе биде во Македонија и заедно со Алексовски ќе одржат повеќе приватни тренинзи, тренинзи со повисоките појаси, тренинзи со натпреварувачкиот тим, но ќе одржи и повеќе редовни тренинзи во салата во Кисела Вода.