Наслов

Купи ја армадата на Беар Грилс

Вака гласи насловот на понудата за целата палета на опрема за преживување во дивина од Гербер која ја користи Беар Грилс во неговите емисии. И можете да си ја купите како еден цел сет по, реално гледано, фер цена.

Познатата американска фирма за сечила, секирчиња, алати и разна друга опрема за во дивина се стар спонзор на Грилс во неговите емисии. Тука, во посебна понуда се нуди целата палета на опрема од Гербер која го носи знакчето „БГ“ за 950 долари. Кога ќе погледнете поубаво, доста добри алатки може да се ќарат за не толку голема цена. 

Мачета, прибор за прва помош, секирче, дузина ножеви, лампи, ранец од 60 литри итн. 

Повеќе детално инфо за тоа што се` вклучува пакетот тука.

20 Декември 2013

За авторот