Наслов

Културното наследство низ прилепското поле

Секогаш сме среќни кога имаме можност да поддржиме и бидеме дел од вакви несекојдневни настани па да го најавиме со аплауз за оригиналноста.

Еднодневен велосипедски настан на 14 септември ќе прошета велосипедисти од земјава и странство покажувајќи им ги убавините на Прилепското Поле но и културното наследство во него. Станува збор за спора велосипедска тура која има за цел да ги образува учесниците за културното наследство и да го промовира Прилепското Поле како место за возење велосипед.

Турата на учесниците ќе им овозможи да се запознаат одблизу со дел од културното наследство на Република Македонија. Планирано е да се посетат локалитети кои пред сé се прогласени за културно наследство и заштитени се со закон. Тоа се локалитетите: црква Св Никола, Варош; Спомен куќата на Блаже Конески; Манастирот Св. Никола, Слепче; црква Св. Богородица, Костинци; црква Св. Никола и Манастирот Преображение, Зрзе (само во долгата тура бидејќи патот до Зрзе е во реконструкција); како и Спомен куќата на Пеце Атанасовски и најстариот даб во Општина Кривогаштани. Кустосите од Музејот во Прилеп ќе  раскажуваат за значењето на ова културно наследство, додека пак организаторот ќе се погрижи да има доволно освежувања и окрепнувања по патот.

Настанот е организиран од Здружение на граѓани Одржливи иницијативи – Скопје во соработка со Велосипедски клуб Илинден – Прилеп, а поддржан од Министерство за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Општина Долнени, Општина Кривогаштани, Општина Прилеп, Музеј Прилеп.

Да напоменеме само дека не мора да имате планински велосипед за да бидете дел оваа супер турица. Си возиме низ Прилепско Поле. 

Пријавување на следниов линк.

20 Август 2014

За авторот