Наслов

Би готвеле ли вие со кујнскиот Робокап?

Во последно време, со вревата што се крена околу 3Д испринтаната храна, очекувано беше да се појави и прототип на кујнскиот 3Д принтер. Запознајте го Фудини, за некој иднина, за некој решение, за некој непотребен додадток во кујната. Што мислите вие во врска со 3Д исптинтаниот оброк?

Сакате да си направите пица без да ги извалкате рацете? Фудини може да ја преземе работата. Освен пица, досега овој робо-готвач успеал да се докаже во правење крекери, бургер, плескавица од грав, тродимензионални чоколадни фигури, њоки од тиква и равиоли.

3Д принтот на храна започна како концепт наменет за во вселенските бродови, со цел да се подобри вкусот и квалитетот на храната за астонаутите. Конкретно оваа машината е развиена во Барселона, од страна на Natural Machines, а според BBC истата можете да ја имате во својот дом доколку од буџетот одвоите 1000 евра.

07 Декември 2013

За авторот