Кројф за фудбалот и фудбалот за Кројф

Иако пред месец дена Јохан Кројф изјави дека во натпревар со ракот на неговите бели дробови тој се чувствува како да „води” со 2:0 на полувреме, на 24.03.2016 година, холандската и светската фудбалска легенда не ги издржа продолженијата и замина во вечноста. Повеќе за брилијантниот фудбалски ум, неговите гледишта за фудбалот и збровите кои другите ги кажаа за него, читајте подолу. 

КРОЈФ ЗА ФУДБАЛОТ

„Играњето фудбал е многу едноставно, ама играњето еднставен фудбал е најтешкото нешто.”

„Ако сакав ти да разбереш, тогаш ќе ти објаснев подобро.”

„Се одлучив да станам фудбалски менаџер само откако ми кажаа дека не можам да бидам тоа.”

„Видете, работата за Филипо Инзаги е тоа што тој воопшто не знае да игра фудбал. Тој само се наоѓа секогаш на правото место.”

„Многу ми е тешко кога талентите ги одбиваат врз база на компјутерски статистики. Ако земеме така, јас според статистиките од Ајакс сум требал да бидам одбиен. Кога имав 15 години не можев да ја шутнам топката повеќе од 15 метри со левата и повеќе од 20 со десната нога. Но, мојот квалитет, техника и визија не се детектираат со помош на компјутер.”

„Зошто да не можете да победите поскап клуб? Никогаш не сум видел вреќа од пари да дадат гол.”

„Играш фудбал со главата, а нозете се таму само за да ти помогнат.”

„Италијанците не можат да победат против тебе, ама ти можеш да изгубиш од Италијанците.”

ФУДБАЛОТ ЗА КРОЈФ 

„Јохан Кројф ја нацрта капелата, а останатите тренери во Барселона оттогаш само минимално ја реставрираат и подобруваат.” – Пеп Гвардиола за работата на Кројф на Ноу Камп.

„Тој е кумот на холандскиот фудбал.” – Франк Рајкард 

„Питагора во копачки. Многу малку фудбалери досега, како физички така и ментално успеале на таков магичен начин да ја контролираат играта од шеснаесетник до шеснаесетник.” – Давид Винер, автор на „Брилијантните Портокалови”.

„Тој беше во срцето на револуцијата со неговиот фудбал. Ајакс го промени фудбалот, а тој беше лидерот. Ако сакаше, тој можеше да биде најдобриот играч на било која позиција од теренот.” – Ерик Кантона. 

„Најгордиот момент од мојата кариера. Бев сигурен дека ќе му ја освојам топката, но тој ме надитри. Не бев понижен. Јас едноставно немав шанса против него. Кројф беше гениј.” – Јан Олсон, шведскиот одбрамбен играч кој беше надитрен со познатиот  Cruyff Turn на светското првенство во 1974 година. 

„Како играч тој го претвораше фудбалот во уметност. Јохан дојде и направи револуција во фудбалот. Денешната Барса започна со него, тој е експресија на нашите идентитети, тој ни донесе фудбалски стил кој ние го сакаме.” – поранешниот претседател на Барселона Жоан Лапорта. 

„Без Кројф јас немам тим” – Ринус Мишелс, неговиот менаџер во Ајакс. 

ИЗВОР

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија