Крис даска веслаше во бурниот Атлантик

Минувајќи 93 дена целосно самостоен на неговиот модифициран СУП (stand up paddlebord) и веслајќи околу 7500 километри, Јужноафриканецот Крис Бертиш стана првиот човек што го премина Атлантикот на ваков начин. 

Морнарот и сурфер од Јужна Африка по име Крис Бертиш својот подвиг за самостојно минување на Атлантикот на СУП го започна на 6 декември од Агадир, Мароко, а до целната точка во Англискиот Залив на Антигуа, Карибите стигна на 9 март, попатно поставувајќи два важни рекорди. Првиот е воопшто за неговото соло минување на Атлантикот со ваков тип на транспорт, а вториот за најдолга извеслана дистанца мината соло и на отворен океан во 24-часовен период – 71,96 наутички милји. 

Најголемиот дел од веслањето Бертиш го правел во текот на ноќите за да ја намали изложеноста на сонце, а најчесто правел два до три часа смени помеѓу кои се одмарал и ја враќал својата енергија. Иако просекот вели дека тој веслал по 70 километри на ден, во последниот дек тој веслал дури 96 км, на лоши и ветровити временски услови. 

Во текот на авантурата јужноафриканецот морал да се справи со повеќе потешкотии како неколку бури, повреда на рамото, блиски средби со ајкули како и дефекти во неговото СУП бротче кое изгледа доста различно од обичните даски за веслање, опремено со кабина за заштита и складирање на потребната храна и течности, електроника за комуникација и радио врска. 

За успешно да искочи на крај со сериозните бури кои владеат на овие отворени води, СУП-от бил опремен и со т.н. пара-котва која практично делува како подводен падобран која откако е ставена во функција делува стабилизирачки врз бротчето со што спречува т.е. ја намалува можноста за целосно превртување. 

Во текот на неговата водена авантура, Бертиш собра 490,000 долари преку донации кои планира да ги дадево хуманитарни организации.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија