Кремите за сончање штитат или штетат?

Препаратите за сончање ги користиме сите, а некои од нас во големи количини. Колку не штитат и дали се штетни по нашето здравје? Еве што вели нова научна студија која го обработува токму ова прашање.

Ракот на кожа е најчест тип на рак кој го има населението на САД со дури три милиони нови случаи годишно. Она што е докажано штетно по нашата кожа и можноста за појава на рак на кожата е прекумерната изложеност на УВ зрачење од сонцето.

Постојат различни начини како луѓето може да се заштитат од овие штетни зраци иако се чини најефикасно од сите методи е седењето под сенка кога УВ индексот е премногу висок. Сепак, во летниот период изложеноста некогаш е неизбежна па она што на луѓето им се чини наједноставно и најпрактично за користење, се разбира се кремите, лосионите и спрејовите за сончање.

Водени од ова, Американската агенција за храна и лекови спровела ново истражување со цел да утврди дали човечката кожа апсорбира некои од хемикалиите кои се составен дел од овие препарати и дали тие имаат штетно влијание врз нашето здравје.

Студијата опфатила 24 луѓе кои требало да нанесуваат заштитни креми, лосиони и спрејови во период од четири дена и тоа четири пати дневно. Активните состојки кои биле мониторирани биле органските: авобензон, оксибензон, октокрилен и екамсул кои најчесто се користат во овие препарати.

Општото правило на оваа Агенција е дека било која активна супстанца која во крвта се акумулира во вредност поголема од 0,5 нанограми на еден милилитар крв треба да подлежи на оценка за токсичност. Веќе по првиот ден од студијата вредностите на овие хемикалии кај учесниците ја надминале дозволената граница а до крајот на четвртиот ден овие вредности продолжиле да растат.

Според Агенцијата ова не би морало да значи дека заштитните препарати се штетни по здравјето бидејќи допрва треба да се истражува дали вредностите кои нашето тело ги апсорбира имаат било какво штетно влијание.

Сепак, дерматолозите и Агенцијата нагласи дека луѓето треба користат креми кои помагаат во заштитата од УВ зрачењето и заштитата од рак на кожа. Тие препорачуваат креми кои содржат сусптанци кои не се акумулираат во нашето тело односно остануваат на површината на кожата а такви се оние кои се на неорганска база и физички го спречуваат продирањето на зраците како цинк оксид и титаниум диоксид.

На ова се огласи и Американската Академија на Дерматолози: 

„Незаштитената изложеност на УВ зрачењето е главен ризик фактор за рак на кожа. Академијата ја охрабрува и советува јавноста на продолжат да се заштитуваат од сонцето барајќи сенка, носејќи заштитна облека, капа и наочари, и секако да нанесуваат крема за сончање со заштита од 30 и повеќе на изложената кожа.”

Вреди да се напомене дека во последните неколку години Хаваи, Палау и Ки вест, започнаа да ги забрануваат неорганските препарати за сончање со органски супстанци(оксибензон, октиноксат и парабен) бидејќи истите се таложат на коралните гребени и на долг рок ги уништуваат. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија