Екологика

Кратко и едноставно глобално затоплување

Сите сме зафатени и многу го цениме нашето време, но сепак постои еден проблем кој влијае на сите нас и е од огромна важност да биде решен за нашите идни генерации. Затоа, кратко и едноставно глобално затоплување…

3 едноставни факти:

1. Глобалното затоплување е затоплување на нашата планета.

2. Топлината ја добиваме од нашето сонце.

3. Стакленичките гасови во атмосферата, кои се еден вид ќебе на планетата ја задржуваат топлината на просечни 14 °C

3 едноставни прашања:

1. Зошто тогаш затоплување?

Стакленичките гасови се зголемени (ќебето станува подебело) како резултат на рапидното согорување на јаглеродни горива – јаглен, нафта, природен гас, неодржливо согорување на дрво и друга биомаса, како и рапидното намалување на капацитетите на планетата да ги апсорбира овие стакленички гасови.

Од почетокот на индустријализацијата, стакленичките гасови се зголемени за 40%, а со тоа температурата на нашата планета во последните 130 години е порасната за 0.85 °C

 2. Што се случува како резултат на затоплувањето?

Слично како и со човечкото тело, кога температурата се зголемува телото не функционира најдобро т.е. се разболува.

Со зголемената температура, планетата „се разболува”, односно климата како планетарен систем се менува и станува посурова за живиот свет.

3. Што треба да се направи за да се намали и престане глобалното затоплување?

За да се намали затоплувањето, луѓето мораат да го заменат користењето на фосилните јаглеродни горива со чисти извори на енергија со кои не се зголемуваат стакленичките гасови – сончева енергија, ветерна енергија, геотермална енергија, хидро енергија, одржливо користење на дрво и биомаса, како и зголемување на капацитетите на планетата да ги апсорбира стакленичките гасови.

За да престане затоплувањето, температурата не смее да порасне повеќе од 2°C граница која ќе ја достигнеме до средината на овој век, период до кога светот мора да го намали испуштањето на стакленичките гасови најмалку за 80% (споредено со испуштањето гасови од 1990та).

И за крај, порака од новите генерации до лидерите кои учествуваа на вчерашниот климатски самит во Обединетите Нации :