Корените на скијањето

Кој би рекол дека првите скијачи на планетава земја биле турно „зависници” и скијале ништо друго освен длабоко. Нешто повеќе за почетоците на скијањето кое во тоа време било пред сè средство за транспорт и лов и не потекнало од Скандинавија, ами од древна Кина.

Иако првата асоцијација на скијањето најверојатно ве носи некаде на скандинавскиот полуостров, вскушност тоа било измислено во делови од денешна Кина каде што двете едноставни дрвени штици се користеле за олеснето движење низ снегот пред се како средство за транспорт и лов.

Во видеото погоре, фоторепортерот на National Geographic оди на патување во планините Алтаи посетувајќи ги местата коишто се сметаат за потеклото на скиите.

Во овие отсечени села, народот ја пренесува древната традиција за правење и користење на скиите, од едноставни парчиња дрво обликувани од вештите раце на мештанинот, со крзна од коњ за дополнување на турно елементите и со целосно посебен стил и техника на скијање со користење на ски „пента” за управување.

Повеќе за потеклото на сноубордот кој е далеку помлад од скиите можете да прочитате тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија