Наслов

Корапска трансверзала - авантура во зафрлените делови на нашата највисока планина

Викендов во текот на три денови од 26 до 28 јули, од неколку наши планинари на планината Кораб беше остварен интересен планинарски поход - Корапска Трансверзала. 

Шестчлената екипа составена од Марио Шаревски, Зоран Тодоровски, Васко Кически, Крумислав Јововски, Војкан Недковски и Дарио Кортезе (Словенија) овој викенд направија интересна планинска авантура на највисокиот планински масив во Македонија, со што направија трансверзално минување на целата планина и искачување на скоро сите зафрлени врвови во овој реон. 

Нивното патешествие започна на 26.07.2019 од планинарскиот дом Говедарник во селото Жировница откаде беа качени „граничните” врвови на планината Кораб спрема масивот Дешат, Куртово Ќуле, Јаворско Брдо и Високо Брдо, потоа се продолжи кон север на импозантниот врв Плоча, врвот Шупла Стена, Црн Камен и Дерза каде во неговото подножје беше поставен првиот камп. 

Следниот ден, на 27.07 екипата се упати кон највисоките делови од Кораб и врвовите Боази, Мал Кораб, Малокорапска Стена и Голем Кораб. Кампинг беше направен некаде на месноста Кобилино поле. 

На последниот ден беа минати врвовите Кепи Бард, Корабец, Црна Чука и Бел Врв со што екипата се спушти во караулата Победа каде ја заврши трансверзалата. 

Севкупната мината должина изнесува 51 километар, висински тие искачија и спуштија 4850 метри, а најголемиот дел од овие 16 врвови се над 2400 м.н.в во исклучително див, стрмен и зафрлен дел од планината што го прави ова искуство тешко, но истовремено и уникатно во повеќе аспекти. 

Подолу погледнте ги овие прекрасни фотографии од Крумислав Јововски документирани за време на патешествието. 

Дневникот на Марио Шаревски

30 Јули 2019

За авторот