Македонски тим на IBFF World Championship во Словенија

На 21 јуни во градот Копер во Словенија се одржа IBFF World Championship 2015 со учество на 500 натпреварувачи од 40 земји, со што оваа година натпреварувањето доби голема конкуренција и квалитет. Македонскиот тим беше претставуван од Тоше и Габриела Зафирови, Дејан Пауновски, Деан Ангелов, и Дејан Маџовски.

“Натпреварот  беше беспрекорно организиран од домаќините и немаше никакви пропусти. Следната година домаќин ќе биде Црна Гора па така да уште сега се започнува со подготовките и сите се надеваме за подобар успех” Изјави Тоше Зафиров.

Категорија-MR. ATHLETIC SMALL:

10то место – Дејан Пауновски

Категорија –MR. ATHLETIC TALL:

9то место – Деан Ангелов

категорија-MR. BODYBUILDING SMALL:

8мо место – Дејан Маџовски

 

категорија-MR. BODYBUILDING TALL:

10то – Тоше Зафиров

 

 

категорија-MISS FITNESS MODEL SMALL:

11то место – Габриела Зафирова

категорија-MIXED PAIRS:

5то место– Габриела Зафирова и Тоше Зафиров

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија