Конкурс за УЕФА А лиценца

Центарот за едукација на тренери при Фудбалската Федерација на Македонија, објавува упис на тренери кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА А Тренерска диплома.

Услови за упис на курсот се:

  • Да има завршено курс за УЕФА Б диплома, и истата да ја поседува.
  • Да има најмалку 2 години тренерски стаж како носител на УЕФА Б диплома од кои најмалку една како тренер во сенироска екипа.
  • Да нема дисциплинска постапка или казна против тренерот изречена од Дисциплинска комисија на ФФМ.
  • Копија од лична карта или пасош.
  • Две слики, големина за лична карта.- Уплатница од 200 евра во денарска противвредност – прва рата за УЕФА А Курс (Уплатата се врши на сметка на ФФМ: 300000001599760 – Комерцијална Банка, во денарска противвредност, со назнака За УЕФА А Тренерски Курс).

Заинтересираните тренери, горенаведените документи можат да ги достават најдоцна до 1. октмоври 2015 година во архива на ФФМ лично, а доколку ги праќаат по пошта да бидат со назнака: “За УЕФА А тренерски курс”. Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да биде земена во предвид.

По завршување на уписот и формирање на групата ќе биде одреден и датум за првиот 7-дневен семинар, за кој тренерите ќе бидат известени телефонски и преку ФФМ веб страна.