Конкурс за најдобро аматерско видео на Ехо фестивалот

Ехо фестивал на планински филмови во соработка со ПРОСПОРТ и оваа година објавува конкурс за најдобро аматерско видео.

Конкурсот ќе биде зачинет со награда за најдоброто видео, односно последната и најнова камера од фамилијата GoPRO 4 session која ја доделува спонзорот PROSPORT.

Аплицирање за видеото се прави со име и презиме на авторот и краток опис на видеото на [email protected] најдоцна до 20ти октомври.

Видеото кое ќе го пријавите треба да биде долго од 1 до 5 минути. Ако сметате дека вашето видео треба да бидеме малку пократко од 1 минути или малку подолго од 5 минути, ве охрабруваме да се пријавите/аплицирате на конкурсот и ни објасните зашто е тоа така за фестивалот евентуално да направи отстапка.

Видеото/фајлот треба да ни го пратите преку некој трансфер медиум, или да ни го предадете лично преку наведената адреса на фестивалот.

За изборот на најдобро видео одлучува жирито на фестивалот, кое е составено од професионални филмски работници и вљубеници во планината.

Фестивалот ќе ги проектира најдобрите пријавени видеа на некоја од фестивалските вечери од 2ри до 5ти ноември 2015 во кино Милениум и кино Фросина.

Фестивалот има право да ги објави најдобрите видеа на својот vimeo канал.