Компактни неопходности

Нешто слично како на Рамбо ножот, т.е. рачката од ножот на Рамбо. Идејата, најнеопходната опрема за уживање во природа да се има затворена во една компактна лименка не е воопшто нова, ама еве еден нов и убаво спакуван производ кој веќе е поддржан од многу луѓе на Кикстартер.

VSSL (се изговара како ВЕСЛ) претставува линија на неколку различни компактни алуминиумски лименки кои во исто време служат како одлична батериска лампа (со SOS мод) и компас, а во внатрешноста имаат спакувано мали патрони за најразлична намена во природа. 

Постојат четири различни модели во зависност од намената – Supplies (залихи), First Aid (прва помош), Shelter (засолниште) and Zombie (зомби) кои во основата (ЛЕД лампа и компас т.е. пакување) се исти но се различно во содржината на патроните. 

Целото пакување е водоотпорно и доаѓа во димензии 20цм х 5цм, не баш мало пакување, но кога во прашање се неопходностите, планинарскиот ранец секогаш треба да има место за вакво нешто.

Кампањата на Кикстартер веќе ги има собрано потребните пари за отпочнување на производство, а таму можете да си пазарите нешто од овие производи, или пак од пакетите кои се понудени. Лименката можете да ја купите и празна, па вие да си ја конфигурирате според вашите потреби. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија