Понуда за вработување

„Колумбија“ нуди работа за позиција – директориште

Американската фирма за спортска облека и опрема „Колумбија Спортсвер” има отворено оглас за две работни места на позиција, пази сега, „Директор на отсек за тестирање на опрема” – во нивни жаргон Director of Toughness што буквално значи жилавост, издржливост на опремата. Кој е спремен да кине скапи јакна и чизми и да зима пари за тоа?

Компанијата со седиште во Орегон, Портланд веќе има отворено оглас за две работни места на оваа позиција (озбилно ви збориме, не се зезаат) која во кратки црти треба да изгледа некако вака:

  • Период на вработување – од септември 2015 до март 2016 година
  • Платени патни трошкови, хранарина и здравствено
  • Пензиско осигурување – покриено
  • Плата – 26,000 долари – исплата на секои два месеци

Она што директорот на овој отсек за тестирање на опремата треба да го работи во текот на овие месеци е тоа што и самата позиција го нагласува. Да ја тестира опремата на Колумбија во текот на зимата, на локации низ целиот свет – најмногу во Америка, но и пошироко во најсуровите услови на планетата т.е. не очекувајте дека ќе одите на плажа туку наверојатно ќе спиете на минус температури и во поголемиот дел од работата ќе ве лие дожд.  

Всушност ова треба да биде „на лице место” и од прва рака тестинг на опремата која фирмата ја произведува со што таа би добила најточни информации за квалитетот, слабите страни и важните детали на производите. 

Огласот е отворен до 31 август, а во септември веќе ќе бидат одредени најдобрите кандидати кои ќе продолжат на интервју за работата. 

Кликајте ТУКА 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија