Колорадо – слабо бизнисов со скијањево а?

Ски центарот Веил и Колорадо Ски Кантри ги објавија резултатите од влијанието на скијачкиот туризам врз економијата во период од 10 годишно работење. Некои од бројките ги имаме подолу. Аирлија работа дечки. 

Во извештајот беше објавено дека државата Колорадо на годишно ниво од скијачкиот туризам прави обрт од 4,8 милијарди долари, скоро дупло повеќе од последниот извештај изваден пред 10-тина години. 

Во самата ски индустрија се вработени околу 46,000 луѓе кои имаат работни места во текот на целата година (значи не зборуваме за сезонска работа) во разни сфери како хотелиерство, угостителство, рекреација итн. Овие работници на годишно ниво заработуваат 1,9 милијарди долари од горенаведените финансии. 

Бројките околу постетите во скијачките центри во Колорадо, пак, велат дека околу половина милион становници на Колорадо скијале во некој од овие центри во текот на сезоната 2014/15 што претставува 5,6 милиони посети од вкупна бројка од 12,6 милиони скијачи.

Остатокот од овие 12 милиони посети се најчесто гости до околните држави кои доаѓаат на еднодневни посети и трошат по околу 300 долари од посета што допринесува до 8,4 милиони закупени ноќи за легла во некои од хотелите и другите сместувачки капацитети.

Најинтересен момент од сево ова е тоа што уште предминатата година Колорадо воведе олеснување во рестркициите за користење на канабис во државата па експертите се чудеа дали зголемувањето на ски посетителите за 10 проценти се должи токму на ова.

Без разлика, овој извештај заедно со бројките говори за важноста на скијачката индустрија во Колорадо и на еконоски план, но и како глобално расчуен симбол на државата.

Во понатамошниот дел од текстот пишува нешто повеќе за тоа како Веил ивестира огромни суми на пари во инфраструктура и подигнување на летните т.е. остантите трисезонски активности во реонот за првлекување на туристи преку целата година.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија