Наслов

Колку држиш „планк”? - 8 саати

Ок, ако некогаш сте пробале да издржите во позиција на штица или познат како планк (plank) бар 3 минути, тогаш што ќе кажете новиот светски рекорд кој го сруши стариот за скоро 3 часа? И нека не ви биде симптоматично тоа што новиот а и стариот рекорд се поставени од армиски тренирани лица, првиот бивш маринец, вториов член на единицата СВАТ (SWAT). 

Членот на пекиншката SWAT единица за брза интервенција Мао Веидонг пред неколку дена успеа да го сруши стариот рекорд во држење на абдоминална штица за дури 3 часа повеќе, поточно за 8 часа и една минута. 

Штицата или позната како планк (plank) претставува изометрична вежба која ги таргетира сите мускули на трупот на телото и претставува исклучително едноставна но екстремно тешка вежба особено ако се предизвикате себеси да држите подолго време.

Со оваа вежба не изведувате движења туку задржувате одредена позиција на телото, иако има и такви модификации во кој е вклучено и движење. Основно, таа е статична вежба (затворен кинетички ланец) која не изискува опрема и е практична и ефикасна со можност за импровизација и модификација. Читајте повеќе ТУКА

Стариот рекорд беше во сопственост на Џорџ Худ, поранешен маринец кој држеше 5 минути и 15 минути во 2015 година. 

18 Мај 2016

За авторот