Наслов

Колевски со одличен пласман на својот прв настап на ЕВЛС Прага Про

Зоран Колевски е дел од бодибилдинг елитата во Македонија веќе подолго време. Неговиот прв Про настап на ЕВЛС Прага Про помина со освоено 9-то место во категорија 221 во конкуренција од 15 натпреварувачи.  

5 илјадната публика во Типспорт Арена Прага

Пред се да се заблагодарам на сите Вас кои на било каков начин ме подржаа во мојот прв Про настап на ЕВЛС Прага Про 212 кое важи за едно од најдобрите Про шоу во Европа. Задоволен сум од настапот и формата. Во конкуренција од 15 натпреварувачи бев 9то пласиран.

За мене беше едно големо искуство и нов предизвик да бидам до најдобрите и да се покажам во најдобро светло, и сум многу горд и задоволен од коментарите што ги добив околу формата и настапот од судиите и луѓе што се најкомпетентни во овој спорт.

Можам да кажам дека тоа ми е голема мотивација што од прв настап добивам такви коментари и се разбира ова е само почеток на тоа што следува и се надевам дека 2016 ќе биде моја година.- Изјави Зоран на својот ФБ профил

Резултат од Pro Men´s Open: 1. Декстер Џексон (САД) 2. Мамдоух "Big Ramy" Елсбиај (Египет) 3. Шон Роден (САД)

Резултат од Pro Men´s 212: 1. Жозе Рејмојнд (САД) 2. Давид Хенри (САД) 3. Ахмед Ахмед (Ирак)

Резултат од Pro Bikini: 1. Жанет Лајунг (САД) 2. Кортни Кинг (САД) 3. Владимира Крашова (Чешка)

04 Октомври 2015

За авторот