Наслов

А која беше вашата последна авантура?

Двомесечно акање по планини со точак како превозно средство и камера како медиум за запис. Од Бишкек до кузнај каде во Киргистан, преку патишта од Советската ера, со една мапа и неколку киргистански зборови во вокабуларот, преку пијанчење со локалните граничари и студени глечерски реки до една сурова и неполирана авантура, онаква каква што треба да биде секоја.

И за крај, ако случајно ви пуштивме лиги за некоја вака издефинирана авантура, не е битно за каде, ги пренесуваме последните зборови кои даваат детален опис за филозофијата на една реална авантура:

„Вистинската авантура не е полирана, не е резултат на некој маркетинг буџет. Нема хаштаг за тоа! Најсветло гори на рабовите на мапата, но постои во сите нас. Постои на раскрсницата помеѓу имагинацијата и будалштината. Мора да имате верба! Ќе ве најде таму, а кога ќе ве најде, запомнете. Постои само едно прашање: Во овој живот, кога на патот ќе му дојде крај... дали ќе продолжите да вртите педали?"

26 Јуни 2013

За авторот