Кој ќе биде крив?

Доколку се случи некаква грешно донесена одлука по воведување на гол линиските технологии Hawk-eye и GoalRef, Сеп Блатер и ФИФА нема да бидат инволвирани во било какви тужења и адвокатски процеси.

ФИФА ги обврза компаниите кои ќе ги постават гол линиските технологии Hawk-eye и GoalRef да изнесат осигурување кое ќе ја гарантира исправноста на нивните уреди. Со тоа ФИФА се оградува од било какви скапи адвокатски процеси доколку некој од уредите не си ја заврши работата или пак доколку било кој од играчите и официјалните лица на теренот се на некој начин повредени од опремата.

Со ова, компаниите Sony (Hawk-eye) и институтот Fraunhofer (GoalRef) се обврзани правно да одговараат доколку се покрене тужба против неправилно функционирање или евентуалната фабричка грешка на нивните системи.

Овие линиски системи поминаа ригорозни тестирања откако го добија зеленото светло за нивното инкорпорирање во најважната споредна работа на светот.

Двата системи ќе работат на тој начин што доколку топката ја помине гол линијата со нејзиниот цел обем (според правилата) тие инстантно треба да испратат сигнал за гол до часовникот на главниот судија и официјалните делегати. Сигналот треба да биде испратен во рамки од една секунда по промената со што не би се нарушил континуитетот и шармот на играта.

Тие за прв пат ќе бидат претставени и искористени на Светското клупско првенство во Јапонија овој декември. Се очекува истите набрзо да бидат инкорпорирани и во Англиската Премиер лигата од наредната година, а исто така и на следното Светско првенство во Бразил 2014.