Кога поминаа бе 5 години?!

Календаров вели дека денес на 31.05.2017 – неформалната дружина која си го бара местото за својата ѕивана на асфалтот – Критична маса – Скопје полни 5 години. Кога поминаа бе 5 години?

И така, чепкајќи по нашите стари линкови наидовме на еден пасус напишан од некој од нас во статија која беше со едно наше видео (вметнато погоре) за вториот роденден на Критична маса, кој гласи: 

„Пошто нашиов портал е некаде врсник со КМ Скопје (она е постара за некој месец) и пошто љубиме точак уште од кога памтиме за себе, таа спонтана и неформална собиранка која се формира со најубавата цел на светот ја сметаме за многу блиска. Уште па и кога им е роденден и кога има музиче, пиво, убај луѓе, многу точаци, разни точаци и паметни точаци што ги возат овие точаци.” 

Уште кога се присетивме дека врсниците низ сите овие години имаа какви не убави, тешки и среќни моменти во својот раст и развој и дека денес сме посилни, помудри, покреативни и постари, а помлади, па викаме си заслужува да се видиме на журка. 

Се гледаме денес во 17 и 30 на 5-тиот роденден на Критична маса. 

ТАГ-от – Критична маса –  си вергла повеќе страници 🙂 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија