Кога ќе си ја соблечеш титулата

На сто метри пред неговата трета титула во стиплчес Французинот Махидин Мекхизи реши да го соблече неговиот дрес и неговиот златен медал.

На европскиот шампионат во атлетика кој се одржуваше во Цирих минатата недела се случи интересен сплет на настани кој заврши неславно за францускиот атлетичар Махидин Мекхизи. 

Имено, Мекхизи кој е доминантен на стиплчес стазите со две претходни титули водеше во трката и на овој шампионат кога на сто метри пред крајот од радост реши да го соблече дресот и да го стави меѓу неговите заби. Атлетичарот доби жолт картон за ваквиот потег, но до атлетската комисија пристигна жалба за неговиот недоличен потег од комшиската шпанска репрезентација чии што атлетичар беше на четвртото место.

По состанување и разгледување на случајот комисијата одлучи да го дисквалификува Французинот и целосно да му ја одзеде титулата, а останатите натпреварувачи беа поместени за место погоре. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија