Кога Арнолд те бодри а ти дигаш пола тон

Батката од Англија по име Еди Хал, освен што држи дузина рекорди поврзани со подигнување терет, и освен што редовно си штиклира учество по стронгмен натпреварите ни светот, ставен во комбинација пред 462 кг и Арнолд Шварценегер како негова поткрепа може да резултира само со срушен рекорд.

Еди или попознат како „Ѕверот” со поткрепа и бодрење од Арнолд  го сруши светскиот рекорд во мртво дигање (Deadlift) со подигнати 462 килограми, тежина скоро колку едно Фиќо (ОК фиќото по спецификација е 600 кг но нејсе).

Повеќето од оние што ќе ја прочитаат оваа вест сигурно во некоја фаза од животот влегле во теретана и пробале мртво дигање, сериозен потфат што е сериозен тест за сите делови на телото а особено лумбалниот, карличниот и мускулите на надколеницата. Ѕверот освен мртво дигање има завидни резултати на бенч преса 300 кг и чучањ (Squat)  405 кг.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија