Кирковски – Гросглокнер 2 во 1 – класична рута

Кратко видео од овој викенд кога Александар Кирковски успеа да ги искористи убавите услови и два пати во еден ден да го качи највисокиот врв на Австрија, Гросглокнер. 

Највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер 3798 мнв, за првпат е искачен на 28.07.1800 година по рутата која денес се нарекува „класична” и е најчесто искачувана. Завршниот успон од последниот дом Е.Јохан е оценет како PD+ / UIAA II / 40° и се минува во просек за 1,5 – 2 часа. На врвот има метален крст посветен на австрискиот цар Франц Јозеф и царицата Елизабета.

Прво искачување

Второ искачување

Истиот ден, додека Александар уживаше од оваа страна на Гросглокнер, Саша Грбиќ и Бојан Митаноски имаа малку потешка задача и го искачија врвот преку насоката Зидвандвехтер на јужната стена на планината

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија