Кина, маратоните и загадувањето на воздухот

Популарноста на маратонското трчање во Кина е во подем и непрекинато расте и покрај екстремно слабиот квалитет на воздухот во големите кинески метрополи како Хонг Конг и Шангај. 

Трендот на трчање на маратон и полумаратон во Кина постојано расте и покрај тоа што голем дел од овие настани се одржуваат во големите метрополи каде смогот и загаденоста на воздухот достигнуваат и ги надминуваат граничните вредности.

Во октомври оваа година, кога беше отворена онлајн регистрацијата за маратонот во Хонг Конг, вебсајтот се „сруши“ бидејќи околу 30,000 луѓе сакале да се регистрираат. Додатно, за растењето на популарноста говори фактот што на кинеско тло во 2013 година се одржани три пати повеќе маратони од 2010тата.

На 1ви декември овој месец, 35,000 учесници од 84 држави трчаа на маратонот во Шангај. Во истиот тој ден, загаденоста на воздухот во градот ги надминала границите за „многу високо“ загадување, а станицата за мониторирање измерила концентрација на загадувачи во воздухот и до 10 пати повеќе од дозволеното според СЗО.


Прочитајте нешто повеќе за вашата заштита при спортување на загаден воздух.


Еден од учесниците на овој маратон вели:

  • „Многу од учесниците носеа маски. Мене лично не ме афектираше за време на трката, само на крајот се почуствував малку лошо. Но наредните денови моите бели дробови навистина ме болеа.“

Ова дефинитивно не беше најдобар ден да се одржи еден маратон, а полемиката околу тоа што би можело да се превземе за да се намалат ризиците од вакви екстремни вредности на загадување е голема.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија