Килиан ја освои и Аконкагва

Каталонската ултра машина Килиан Жорнет во неговиот проект Summits of my life успеа да ја заокружи и највисоката точка во западната хемисфера со тоа што ја истрча нагоре-надолу за помалку од 13 часа. 

Откако имаше еден неуспешен обид за брзинско освојување на Аконкагва пред неколку дена (поради силен ветер), Килиан повторно си ја проба среќата вчера и неофицијално успеа 6,962 високата планина (највисок врв надвор од Хималаите) да ја истрча за 12 часа и 49 минути. 

Стандардната рута за качување на Аконкагва со старт од врвот Хорконес е долга скоро 30 километри во еден правец а Жорнет успеа да ја совлада оваа дистанца која качува близу 4000 метри позитивна денивелација за околу 9 часа (нешто за што стандардно се потребни околу 2 дена). Враќањето пак по истата рута го надополнил со сериозен спуст од помалку од 4 часа и со тоа иако се` уште неофицијално упсеа да го сруши претходниот брзински рекорд од 13 часа. 

Тој и неговиот тим се на самата планина од 15 декември за тренинзи и аклиматизација, а неговиот прв обид беше спречен од силни ветришта по што мораше да се откаже на 500 метри под врвот. 

Во неговиот проект Summits of my life тој веќе има поставено повеќе брзински горе-долу рекорди на Монт Блан (4 часа и 57 минути), Матерхорн (2 часа и 52 минути), Денали (11 часа и 48 минути), а после Аконкагва во план му се Елбрус и Еверест за 2015 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија