Македонските Кик Боксери со 2 златни и 2 сребрени медали

Македонските кик боксери со одличен скоринг се враќаат од Белград од „Србија Опен”. Четири медали , од кои два златни и два сребрени е исходот од настапот на нашите претставници.

– Ненад Манојловски – 69кг го освои златото со победа на д Милош Цветковиќ од Врање, Србија.

– Димитар Ѓорѓиев -79кг со победата на Матео Маколе од Цицвара тим од Хрватска го доби златниот медал.

– Милан Кубин – 89кг Водно кик немаше среќа во финалната борба каде се сретна со Милош Цветичанин од Војводина , Србија и загуби само за еден поен.

-Стефани Тодорова – 65кг исто така мораше да се задоволи со сребрениот медал по поразот од Драгица Јелисавац од Нови Сад , Србија.