Скопскиот маратон со рекорден број на учесници,

Кенијците повторно победници

Скопскиот маратон 2013 со рекорден број на учесници од сите континенти до сега. Вкупно 4900 учесници од 36 земји стартуваа на годинешниот Скопски Маратон во сите четири трки.

 

Првото место кај мажите го освои Biwot Wychiffe Kipkorir од Кенија, а кај жените Кipruto Caroline Jemeli исто така од Кенија. Македонското државно првенство го освои Ристе Лазаров додека пак од жените Весна Кираџиева.

На Скопскиот маратон оваа година земаа учество голем број на личности од јавниот живот во Македонија. Посетителите имаа можност во полумаратонската трка ги видоа, манекенката и актерка Катерина Ивановска, како и актерот Гораст Цветковски. Во кратката трка на 5 км трчаа Мартин од Некст Тајм и пејачката Викторија Лоба., водителите Жарко Димитриоски и Бона Пауновска, спортскиот новинар Марјан Ников, како и многу други.

„Денеска докажавме дека Скопски Маратон е гордост на Скопје и Македонија, препознатлив бренд и спортска атракција со учесници и публика од цел свет. Очекуваме овој спортски македонски бренд да добие уште поголема подршка од институциите и партнерите за да во наредните години се доближиме по бројот на учесници со големите европски маратони. ” истакна Кире Синадиновски, директор на Скопски Маратон.

На маратонот се натпреваруваа околу 200 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 600 натпреварувачи. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5000 метри, хуманитарната трка каде што стартуваа околу 3500 рекреативци.
Детскиот Colgate мини маратон го трчаа 600 деца заедно со доктор Зајко и првите 3 места освоија спортски реквизити, велосипеди, ролерки и топки.

Покровители на Скопскиот маратон се Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт, а организатори се Сојуз на спортови на Скопје и Атлетската федерација на Македонија. Нов партнер за прв пат оваа година е авиокопманијата Wizz Air, втора година по ред го поддржа TAV Аеродром. Останатите партнери се Colgate, туристичката агенција Travel Solution, групацијата Аутомакедонија, Nike, DHL, EVN, MC Donald’s, NESCAFE, Akzent media, Medicus help, КБ Прво Пензиско Друштво, Горска Вода, Vitalia, Тинекс, Koma design & print, Bitsia, Maraton bud advertising, Cortec.

Скопски Маратон 2013 е подпомогнат од сите Јавни претпријатија,ЈП водовод и канализација, ЈСП, Јавно претпријатије Пракови и зеленило,Градски паркин,Против пожарна бригада, Црвен Крст на Град Скопје со своите 400 волонтери, за безбедноста на маратонот се погрижи Полицијата на Република Македонија

За следната година се најавува уште поголема посетеност од целиот свет.

Постигнати резултати на Скопски маратон 2013 по категории и по пол:

Први три места на маратон (42.195) – мажи

1 Biwot Wychiffe Kipkorir- Кенија 02:21:58 (РЕЗУЛТАТ)
2 Sawe Elisha Kiprotich -Кенија 02:25:13
3 Wambugu Patrick- Muchemi Кенија 02:26:40

Први три места на маратон (42.195) – жени

1 Кipruto Caroline Jemeli Кенија 02:48:39
2 Jepkosgei Hellen Kimutai Кенија 02:50:51
3 Alina Nituleasa Романија 02:51:18

Први три места на полумаратон (21км) – мажи

1 Кристијан Стошиќ -Србија 01:14:26
2 Кокан Ајановски -Македонија 01:15:02
3 Мирослав Марковиќ -Србија 01:15:38

Први три места на полумаратон (21км) – жени

1 Даниела Барач- Србија 01:27:23
2 Ениса Тасевска -Македонија 01:29:43
3 Сибила Мајерс -САД 01:32:30

Први три места на 5 000 метри – Хуманитарна трка – мажи

1 Илир Келези -Албанија 16:22
2 Милош Ранчиќ- Македонија 16:47
3 Иван Пешевски -Македонија 17:27

Први три места на 5 000 метри – Хуманитарна трка – жени

1 Росица Костова -Македонија- 20:52
2 Ангела Димчевска -Македонија -23:33
3 Маја Стојковска Македонија- 23:33

Победници во Colgаte мини маратон:

машки
1 Павле Јовановски
2 Стефан Зоографски
3 Моамед Шабан

женски
1 Анеса Хајдари
2 Севим Илјас
3 Сара Коларовска