Канцеларијата на SRAM

За оние кои што не се запознаени, SRAM е компанија со седиште во Чикаго која дизајнира и произведува велосипедски делови (Авид, Рокшокс и Труватив се само дел од брендовите). Конкретно во овие канцеларии се вработени 150 луѓе, а 89 проценти од нив на работа одат со точак. Па како да не одат, кога точак може да возат и во канцеларијата. 

Погоре можете да ја погледнете новата базата на компанијата сместена во стар напуштен магацин во Чикаго која е комплетно дизајнирана и уредена во се што е поврзано со двотркалезните љубимци на најголем дел од вработените. Во самиот објект се сместени разни делови од фирмата и тоа од администрација, маркетинг и дизајн па се до работилници за изработка на прототип делови, а најинтересниот момент е што сите овие засебни канцеларии се поврзани со повеќе од километар долга велосипедска патека бојадисана во ист стил како и онаа во градот, а возењето велосипед по истата е строго препорачано. 

Дополнително, целата мини-фабрика поседува 200 „закачалки” за велосипедите сместени најмногу по ѕидовите на ходниците каде вработените може да си го закачат велосипедот. Исто така интересно е да се напомене дека во горните пет спрата комшии на СРАМ се Гугл со кои имаат една позитивна битка во тоа која компанија ќе ги има подобрите услови за работа…

Повеќе читајте ТУКА, а подоле следуваат и фотки да си помечтаете, а можеби и да му испратите на шефот 🙂

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија