Кампување со кучиња

Бидејќи сезоната на кампување полека но сигурно се отвора, следи една убава кратка приказна за брендот „Кампување со кучиња”, тие што го создале, нивните шатори и кучиња…

Во 2014 година Рајан Картер од Нешвил, Тенеси кој работи во маркетинг агенција и неговата жена која поседува две кучиња го креираат профил на Инстаграм под името „Кампување со кучиња” – Camping with dogs.

Земајќи ја предвид самата природа на медиумот каде е зачнат проектот, заедно со добро познатата „виралност” на кучињата во сите нивни облици, профилот добива на масовна посета уште од самиот старт. Уште во првата година тие достигнуваат 100.000 следбеници. 

Од Инста, момците се шират и на останатите социјални медиуми, но и на класичен веб каде си отвараат нивна веб-продавница за производи со дизајни, фотографии и изреки поврзани со CWD. Моментално на Инстаграм профилот има 463.000 следбеници кои редовно се во исчекување на некоја од одличните и позитивни фотографии. Некои од нив можете да ѕирнете и тука.. 

Нивниот Инстаграм ќе го најдете тука

Уживајте!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија