Кампување на 2500 метри на Шар Планина

Овој викенд од 20 до 22 јануари, група од 11 планинари и двајца турно скијачи во организација на ПСД Макпетрол ги искористи одличните временски услови и постави зимски камп на самиот срт на Шар Планина каде минаа две ноќевања. 

Почетокот на акцијата беше во петок на 20 јануари во попладневните часови каде од Попова Шапка групата се упати по зимската патека за Титов Врв. Искористена беше натабаната ски патека на Церипашина за подиректно качување и излегување на сртот откаде се тргна во правец на Казани и Карабунар. 

Условите за пешачење вечерта беа одлични, и кампот беше наместен некаде на половина пат од Попова Шапка накај Титов врв т.е. некаде пред врвот Карабунар на надморска висина од 2540 метри. 

Утредента во утринските часови кампот беше посетен од уште двајца планинари со кои групата се упати кон Титов Врв, каде поголемиот дел од екипата го искачи врвот, а во попладневните часови во кампот дојдоа и двајца турно скијачи кои ја преноќија втората вечер.

Неделата беше ден наменет за кратки слободни активности во утринските часови, собирање на кампот и спуштање во Попова Шапка. 

Зимскиот камп беше одлична можност за искусување на планинарското кампување на повисока надморска висина во зима, практично повторување и учење на сите потребни вештини и знаења за престој и преживување во тие специфични услови и пред се, за уживање во прекрасната природа и друштво.

Кампот беше организиран од страна на Трајче Панковски, планинарски водач од ПСД Макпетрол.

Дополнителни фотографии можете да видите ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија