Ками Рита Шерпа со нов рекорд во број на искачувања на Еверест

Овaa среда на 15.05.2019, Непалецот Ками Рита Шерпа успеа да се искачи на највисоката точка на светот по 23-ти пат. 

49-годишниот Рита го искачи врвот заедно со други планинари на 15.05.2019 наутро, а двајца сограѓани од неговата екипа, успеаја да го искачат 8848-метарскиот врв по нивни 21-ви пат. 

„Ова е моја професија, но во исто време поставувам нов рекорд кој е важен и за Непал”, – изјави Ками Рита за АП. 

Тој за прв пат го искачил Еверест во 1994 година, и оттогаш скоро секоја година оди на планината каде работи како планински водич на стотиците планинари кои се во потрага по искачување на врвот. 

Ками започнал со работа следејќи ги стапките на неговиот татко кој бил еден од првите локалци кои започнале со работа како високогорски водачи од Непал, а покрај бројните искачувања на Еверест тој се има искачено и на Чо Оју, Манаслу, К2 и Лотце. 


Гледајте и читајте повеќе на темата – LOVED BY ALL – ПРИКАЗНАТА ЗА АПА ШЕРПА – ЦЕЛ ФИЛМ


Рита воедно е и гласноговорник за другите Шерпа водачи кои многу често добиваат многу мали заслуги за нивните активности. Тој вели дека тие со месеци однапред во сурови и опасни услови ја подготвуваат планината за да се олесни патот на планинарите, носат најголем дел од камповите, ресурсите и боците со кислород. 

„Сепак, кога планинарите од различни делови од светот ќе се искачат на врвот, имињата на оние кои напорно и изложено работеле во месеците однапред остануваат заборавени” – вели Рита. 

Оваа година 41 различен тим со вкупна бројка од 378 планинари имаат дозвола да се обидат да го качат Еверест за време на пролетната сезона. Покрај нив стои и иста бројка на Шерпа водачи, носачи, кувари и други работници кои им помагаат во искачувањето. 

Тимот на Рита беше првиот на врвот оваа сезона.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија