Камчатка на денот

Фотографијата и те како е интересна, ама чекајте да ја видите како е фатена од едно интересно Русче по име Мике.

Мике Коростелев е авантуристички фотограф кој по се изгледа си има мерак на вакви блиски средби со животни, особено во водена околина, па на репертоарот на неговиот официјален веб-сајт можете да видите разни вакви снимки, од крокодили, мечки, ајкули, моржови и слонови во вода. 

Нас малку повеќе не заинтересира начинот на кој е сликана токму оваа погоре, со мечоков што лови риба (а останатите ги имате подоле). Имено, Коростелев кој подолг период бил на оваа локација во дивината на Камчатка забележал дека мечката се навраќа за хранење неколку пати на истото место повеќе пати па решил да го постави неговиот кафез и да „клечи” додека не фотне нешто сериозно. 

Фантастична дивина, фантастична упорност и визија.

Подоле имате повеќе вакви фотографии од Мике.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија