Камбек на најпознатата шпага

Иако допирна точка немаме со машинерии, а уште помалку со камиони, нашиот фокус е насочен кон Ван Дам кој е дел од рекламава, а се вклопува ко во Стрит Фајтер од ’94та.

Рекламата е дел од цела кампања на Волво, каде главен акцент е ставен на прецизноста и стабилноста на новиот динамичен систем за управување на камиониве, а богами се покажува и дека аддукторите на Дам се во одлична состојба.

Подолу го имате тизерот искочен од пред неколку дена каде Швеѓанецот му објаснува на Жан дека камионите уствари ќе се движат у рикверц, а он ќе стои на ретровизорите, и како камионите ќе се оддалечуваат, он ќе ја праи шпагата. А Жан, бледо го гледа.

А да не остане само на Жан еве и нешто друго. Слична ваква 007 реклама имаат направено и пред една година каде преку врзаното јаже на два Волво камиони преминуваше Феит Дики, позната слеклајнерка, додека овие возеа по некој хрватски автопати и тунели.

Толку, доста беше за Волво..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија