Светско првенство во пливање

Наслов

Калеб Дресел- новата светска пливачка ѕвезда

Родена е новата мегаѕвезда на американското и светското пливање.

Калеб Дресел е човекот кој покажа неверојатна форма на штотуку завршеното светско првенство во пливање кое се одржа во Гванжу, Јужна Кореа. Тој на ова натпреварување успеа да освои рекордни осум медали од кои дури шест златни и два сребрени медали што го прави најуспешен на сите времиња по вкупниот број на освени медали на светските првенства.

Дресел кој има само 22 години успеа да триумфира во дисциплините 50м и 100м слободно, 50м и 100м пеперутка, мешовито 4х100м мешано и 4х100м слободно за мажи, притоа поставувајќи два државни рекорди на САД, два рекорди на шампионатите и два светски рекорди од кои едниот беше сопственост на легендарниот Мајкл Фелпс.

Дресел во 2017 година беше прогласен за најдобар пливач на светот и единствен кој успеал да го изедначи рекордот на Мајкл Фелпс по бројот на златни медали на едно светско првенство, вкупно седум. Она што веќе сите ги интересира и сите со нетрпение го очекуваат е настапот на Дресел на Oлимписките Игри во Токио 2020 година каде се очекува тој да атакува на осум злата што би било најголемо пливачко и олимписко постигнување воопшто. Засега Фелпс со седум злата и неверојатни 28 медали од сите олимписки игри е убедливо најтрофеен спортист кој некогаш се натпреварувал на игрите.

Најуспешна земја на првенството беше Кина со вкупно триесет медали од кои 16 златни, 11 сребрени и 3 бронзени. Втора најуспешна беше селекцијата на САД со вкупно 36 медали од кои 15 златни, 11 сребрени и 10 бронзени. Трета пак беше Русија со вкупно 30 медали, од нив 12 златни, 11 сребрени и 7 бронзени.

30 Јули 2019

За авторот