Калдвел и Хонолд со нов (втор) рекорд на „Носот”

Откако минатата недела качувачката двојка Хонолд-Калдвел успеа за 9 минути да го подобри рекордот на Џим Рејнолдс и Бред Гобрајт, вчера на 04.06 тие успеаја да го намалат времето за дополнителни 9 минути. 

Според магазините Рок енд ајс и Аутсајд Олнајн, едни од најдобрите качувачи во светот – Алекс Хонолд и Томи Калдвел вчера на 4 јуни успеаја да ја искачат познатата качувачка насока за неверојатни 2 часа 1 минути и 50 секунди што е за околу 9 минути побрзо од нивниот претходен рекорд поставен пред 5 дена на 30.05.2018. 

Насоката и самата карпа која е сместена во националниот парк Јосемити се сметаат а едни од најпрочуените качувачки локалитети. Истата искачува 915 вертикални метри во 31 јаже од кои еден дел е со оцена 8b. Насоката вообичаено се качува во текот на неколку последователни денови.

Сепак, многумина високо подготвени качувачи ги тестирале своите лимити во обид за брзински искачувања на рутата. Во 2002 година времето за прв пат паѓа под 3 часа и до 2017 истото е неколкупати корегирано до рекордните 2 часа и 19 минути на Џим Рејнолдс и Бред Гобрајт. 

Овој мај, едни од најдобрите светски качувачи Томи Калдвел и Алекс Хонолд тргнаа во обид да го подобрат ова време во што успеаја на 30.05.2018, а вчера на 04.06 направија повторен обид со ново подобрување на рекордот на 2 часа 1 минута и 50 секунди, со што се чини дека бариерата од 2 часа штотуку не паднала. 

Сепак, овој вид на брзинско качување сосебе носи и голема доза на ризик. Минатата недела на истата карпа, но на различна насока загинаа двјаца американски качувачи.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија