Наслов

Како „снурфингот“ стана сноубординг

Од импровизирана санка за неговите мали ќерки до цело едно движење на луѓе кои „сурфаат“ по снег за на крај спорот со името да го претвори стариот снурфингот во новиот сноубординг. 

Првиот снурфер на Шерман

Приказната вели дека во 1965 година Американецот Шерман Попен од Мичиген кој имал две мали ќерки решил да експериментира со еден пар стари скии и да им направи некаква си санка за малите немирковци да си играат во снегот кој го има во изобилство на оваа држава во зима. 

Тој ги споил скиите со парчиња потенки даски кои ги оставил малку разделени а истите служеле за потпирање на нозете додека си на чудото и врзал јаженце на нивниот врв кое служело за контролирање на санката. Кога малите ја пробале новата санка на тој божиќен ден таа не само што функционирала, туку и сите други деца се собрале како магнет околу неа и сакале да се повозат. Ја нарекле „снурфер“. 

Шерман продолжил да работи на дизајнот и изработката на снурферот и веќе наредната година тој го патентира парчето опрема како „сурферска снежна скија“ во компанијата Брунсвик. До 1970 година снурферот станува екстра популарен во САД и близу 1 милион примероци се продадени од страна на компанијата. 


Снурфање во 1978

По успешниот старт на новонатанатиот спорт Шерман во близина на неговиот роден град граѓаните спонтано формираат натпревари во снурфинг, а во 1977 година на натпреварувањето се појавува најкомпетитивниот учесник во спортот (од секој аспект) - Џејк Бартон Карпентер (во буквален превод столар). Тој се појавил со неговиот снурфер кој бил наречен „Бартон Борд“. 

Бартон станал толку опседнат со снурферот што почнал да работи на негово редизајнрање и унапредување, за години подоцна токму неговата фирма да стане главниот производител на снурферот, па дури и шампионатот од Мичиген бил префрлен во Вермонт, местото од каде што тој живеел и работел. 

Тогаш, постариот Шерман Попин, завидувајќи на енергијата со кој работи Бартон покренува судски спор за заштита на името „снурфер“ кое тој го измислил, а Бартон го користел како „снурфборд“. Шерман го добива спорот, а Бартон мора да измисли еден сосема нов термин - сноуборд. 

Во ова интервју направено од flakezine.com тој вели дека се кае што го направил тој потег бидејќи така се сменило името на спортот во чие што креирање учествувал токму тој. 

Денеска Шерман Попен се одликува како дедо на сноубордингот, а во 1995 година во Банф, Канада неговото име влезе во сноубордерската хала на славните.

13 Јануари 2018

За авторот