Како Шведска стимулира велосипедизам

Ако јас направам промена во моето секојдневие и ја заменам колата со мојот велосипед, ќе бидам доволно добар пример за мојот другар и моите блиски.. Во развиените скандинавски општества оваа психологија функционира..

 

Иако Копенхаген важи за еден од највелосипедските градови на светот каде што 50 проценти од населението оди на работа со точак, властите во друите региони на државата работат на случајот како да натераат уште повеќе луѓе да го користат овој вид на превозно средство.

Во Гетеборг, град кој што има далеку помал процент на луѓе кои го користат велосипедот како превозно средство за на работа од Копенхаген (6 проценти) задолжените воведуваат нова програма каде што одредени луѓе добиваат бесплатно користење на јавните велосипеди, но се обврзани да се заколнат дека ќе го откачат автомобилот како превозно средство барем три дена од неделата.

Програмата ќе вклучи избрани групи на луѓе од различни групи (студенти, родители итн) со кој се обидува на културен начин од нив да се направи пример за останатите граѓани. Тие добиваат бесплатен велосипед на користење, а самите треба свесно да се откажат од автомообилот со што подоцна самостојно би се пофалиле за доброто дело на своите пријатели.

„Креирање на добар пример и негово претставување на јавноста е одличен начин да се влијае на колективната свест.“ – вели Рикард Верен, менаџер на проектот. „Сконцентрирани сме на формирање на добри и здрави примери на луѓе од различни возрасни групи кои ќе покажат дека можат сите нивни дневни рутини и задачи да ги исполнат со велосипедот, нешто што реално е возможно, само сите ние имаме разно разни бариери со кои го отфрламе овој факт.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија