Како неактивноста го обликува вашиот мозок

Исто како што вежбањето и активниот начин на живот е докажано дека делуваат позитивно на мозочните клетки, односно стимулираат формирање на нови неврони, научниците пронајдоа дека неактивниот, „залежан“ начин на живот го моделира мозокот во другата насока.

 

Во последните години, активни студии на полето на неврологијата открија дека мозокот и неговите клетки не се во фиксна состојба после созревањето на човекот, туку дека имаат својство на пластичност и се во можност да се ремоделираат, повторно поврзуваат во текот на животот.

Вежбањето, односно активниот лајфстајл беше меѓу првите фактори кои се докажаа дека делуваат позитивно врз ова ремоделирање, а неактивниот тек сега се докажува дека е сосема логично – спротивен.

Имено, студијата направена од научниците при Универзитетот Вејн Стејт на повеќе заморчиња (која може да се однесува и на луѓето поради сличностите во организмот) го докажува токму ова.

Дел од заморчињата биле чувани во кафез во кој имало тркало за трчање (заморчињата обожаваат да трчаат) и биле мониторирани три месеци. Другата пак група била чувана исто така во кафез, но без тркало, односно биле „натерани“ на живеат неактивен живот.

Испитувањата со имиџинг техниките врз нивните мозоци после трите месеци, конкретно во одредена регија на неврони кои се задолжени за контролирање на виталните функции од вегетативниот нервен систем (задолжен за контрола воедно и на крвните притисоци) го докажале следното.

Оние глувчиња кои биле активни ја задржале формата на невроните во овој сегмент и тие немале никакви физиолошки промени, додека пак невроните на неактивните заморчиња развиле повеќе гранчиња кои во превод значат полесно стимулирање на овој дел од мозокот и допринесување на пораст на крвниот притисок и индиректно зголемување на шансите за срцево заболување.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија