Како изгледа качување на „Носот”

Во 2014 година Јорг Верховен минува 30 дена во долината Јосемити со намера да направи целосно слободно качување на насоката „Носот” во огромната карпа наречена Ел Капитан. Со своите 915 вертикални метри на чист гранит, сериозната експонираност и интересна историја оваа насока претставува една од иконите на качувањето. Иако на годишно ниво насоката има околу 400-600 успешни искачувања, сепак, слободните искачувања може да се сместат во прстите на раката. 

Слободно качување означува користење на заштитна опрема (јаже, елементи за осигурување и партнер), но качувањето се прави целосно самостојно осносно без никаква поддршка од овие елементи во напредувањето. Истотака, тоа треба да се направи во еден единствен обид (без разлика на времетраењето).

Првото слободно искачување е направено во текот на 4 последователни дена од женската икона на качувањето Лин Хил во 1993 година. Во 2014 Јорг успева да го направи петтото успешно слободно качување во текот на три денови – претставено во краткото филмче претставено погоре.

Интересно во овој период е тоа што едни од најелитните качувачи Алекс Хонол и Томи Калдвел успеаја да направат брзинско качување на истата насока за 1 час и 58 минути што претставува фантастичен и надчовечки рекорд на насоката. Иако тие не качуваат слободно, сепак нивото на спремност, одлучност и ризики кои го прифаќаат е огромен.

Двојката беше следена од Рил Рок продукцијата, па сигурно може да очекуваме интересно парче филм за ова искачување.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија