Зимско на Нанга

Како е експедицијата досега, според зборовите на Симоне Моро

Официјални изјави на Симоне Моро за тоа како се одвива досега експедицијата за зимско искачување на Нанга Парбат.

„Условите во насоката се невообичаени: мраз има само во горниот дел и нема многу снег на комбинираниот дел (миксот). Полјаците исто така река дека е различно од лани, и е многу потешко. Бара многу повеќе посветеност и техничка вештина, и мораме да обрнуваме повеќе внимание и на искачување и симнувањето од планината; ова значи да продолжиме побавно и попретпазливо.“

„Според прогнозата на Карл Габл, се прилагодивме кон временските услови во планината; сега времето е влошено и се одмораме по предизвикот што го имавме во изминатите два дена. Искачивме и симнавме вкупно 2700 m и со тоа го извидовме и се подготвивме за најтешиот дел од насоката. Беше тоа тешка работа, и полската екипа ни се заблагодари. Сега гребенот Мазено ни е на дофат. Мислам дека сега можеме да го достигнеме за еден ден со моменталното темпо, но Полјаците сакаат да постават логор на пола пат, на околу 6600 m, меѓу логорт 2 и логорот 3. Всушност, сметам дека сите експедиции кои одат оттука вообичаено поставуваат логор на пола пат.“

„Откако стигнуваш на гребенот Мазено, качуваш 250 m по Диамирската падина па сечеш хоризонтално кон лево по стената, далеку над бариерата од сераци каде запре Дујмовиц. Од таму, кочено се фаќа последниот потег од Консхоферовата насока. Тоа е долга насока која пречи од Рупалската падина кон Диамир и назад. Насока е баш како што очекував да биде: совршено сум свесен дека не е лесно и не треба многу за да се повредиш или да бидеш приморан да бивакираш на отворено. Затоа се искачуваме и симнуваме со Давид брзо – за „моторот да работи“ цело врме“.

„Да се спореди Рупалската и Диамирската Стена, тешко е да се каже која е посоодветна за зимско искачување. Можеби најдобрата насока е онаа по која се обидовме Денис Урубко и јас во 2012 година, но и оваа не е лоша. Јужна падина е и постојано си изложен на сонце – ако е сончево. Но нашиот базен логор е на 3600 m, а истурениот базен логор на јужната страна на Еверест е на 6400 m. Ова значи дека ако беме на друг 8000 m-ски врв, со оваа надморска височина која ја достигнавме, Давид и јас веќе ќе го имавме достигнато врвот.“

„Полјаците се добро друштво и ни се благодарни. Иако имаат негдостаток на финансии, тие се чесни и великодушни, и си ги знаат своите ограничувања и доблести. Вчера, добив порака од Велицки полна со охрабрување и совети. Ни советува да бидеме претпазливи. Има познавање на гребенот кој штотуку го истраживме, и кога му кажав дека го подготвивме да го искачиме, ни рече да бидеме брзи и внимателни. Тој е теткото на зимските искачувања во Хималаите, и ни причинува големо задоволство што нè следи, неговите наследници кои секогаш ги следевме неговите зимски истражувања,“