Комерцијален текст

Како да ги заштитите стапалата од непријатни мириси во лето?

Како што температурите раснат во овој период од годината, така и вашите стапала ќе треба да се прилагодат на временските услови, a во тоа најмногу можете да придонесете самите со примена на редовни и правилни хигиенски навики. Споредено со студените денови кога стапалата се заробени во тешки обувки, летото подразбира полесни обувки во кои можат да „дишат”, но сепак, тоа не го спречува потењето, а потењето со себе носи непријатни мириси.

Преку ослободувањето на потта, вашето тело всушност се лади, но потта пак е вистински магнет за бактерии кои можат да предизвикаат непријатен мирис од стапалата. Ова се неколку совети што ќе ви помогнат да се справите со оваа појава.

1. Менувајте ги чевлите почесто

Во топлите денови, стапалата се потат во големи количини. Ова пак ги привлекува бактериите, кои го предизвикуваат непријатниот мирис. Затоа и не треба постојано да носите едни исти чевли – имајте предвид дека постојаното носење на еден пар значи и дека постојано се потите во тие обувки. Токму затоа, треба да ги менувате обувките – ова е неопходно за да им овозможите да се исушат, а со тоа и да спречите да се појави непријатниот мирис.

2. Делувајте превентивно против габични инфекции

Во лето поголеми се шансите да се соочите со габична и бактериска инфекција. Габичната инфекција се јавува на прстите и на самите стапала, а топлите денови нудат „идеални услови” (влажност + високи температури) за габите да се размножуваат, со што и ризикот од појава на непријатни мириси се зголемува. Редовната хигиена со квалитетен производ ќе ви овозможи превентивно да делувате, односно да го намалите потењето во текот на денот. Затоа, паметно купувајте и одберете соодветен производ за секојдневна употреба. Употребата на кремите за превентивно спречување на непријатни мириси е едноставна – нанесете од производот од врвот на прстите до зглобот и измасирајте ги добро стапалата пред да ги ставите обувките. На овој начин ги подготвувате за денот што следи.

3. Редовна хигиена

Една од основните работи што треба да ги правите покрај редовното миење на стапалата е да ги потопите во купка два до три пати во неделата на подолг временски период. Ова е едноставен метод за да ги отстраните бактериите што се „вдомиле “на вашите стапала. Купката се подготвува едноставно – ставете морска сол во млака вода, потопете ги нозете во неа 15 минути, а потоа исплакнете ги. Оваа купка не само што ќе ви помогне во спречувањето непријатни мириси туку и ќе ве опушти после напорен ден.

Целта со редовната хигиена е да ја спречите во што е можно поголем обем појавата на влага што се создава помеѓу вашето стапало и обувката.

4. Отстранете ја мртвата кожа

Со текот на времето, на самите стапала се создава мртов слој од клетки што треба да се отстрани. Ова е нешто што не треба да го игнорирате, бидејќи задебелената кожа и пукнатини покрај тоа што знаат да се болни, може и да се инфицираат. Да, влажноста на стапалата може да причини непријатен мирис, но проблем може да предизвика и недостатокот на хидратација, односно екстремно сувата кожа, што е најчест проблем во делот на петите. Затоа е потребно повремено да правите пилинг за отстранување на мртвиот слој на клетки и да ги хидрирате стапалата.

Доколку се соочувате со испукани пети, можете да им го вратите сјајот со Allga San Repair Cream – производ наменет токму за екстремно сува и испукана кожа кој се нанесува наутро и навечер – со негова редовна употреба исчезнуваат болните пукнатини и воспаленија, а тврдите делови стануваат меки и еластични.

Воедно, за третман на стапала е наменет и специјалниот професионален крем PETAMIL со бор и портокал наменет за отстранување на здебелената кожа и регенерација на здравата кожа. Кремот е за секојдневна нега, а најидеално е да се користи после купка на стапалата.

Запомнете, потребно е да одвоите по неколку минути во денот посветени на правилна хигиена на стапалата – само така ќе имате здрава и блескава кожа дури и во најжешките денови.