Ново допстигнување во насоката „Dawn Wall“

Качен најтешкиот цуг во Јосемити

Според Томи Колдвел, најтешкиот цуг за слободно качување во целата долина Јосемити веќе е искачен… И тој се наоѓа баш во средината на насоката „Dawn Wall” на Ел Капитен!

 

„Не се замарав многу да објавувам за „Dawn Wall” оваа сезона но сега толку сум возбуден што не можам а да не споделам. Жалам што ќе ги информирам сите оние кои го бараат најтешкиот цуг во Јосемити, дека отсега треба да да одат баш во средината на Ел Кап ако сакаат да го качат.” објави Колдвел на Фејсбук. „15-тиот ЦУГ ПАДНА!!! По сè изгледа дека за зимските услови уште е рано.”, и објави фотографија од Јосемити со снег.

Томи Колдвел конечно направи редпоинт слободно искачување на еден цуг со тежина 9а на „Dawn Wall”. На овој проект Колдвел работеше неверојатни седум години. Негов главен партнер е Кевин Џоргенсон, но покрај него во некои од обидите учествуваа и Крис Шарма и Џонатан Зигрист.

На Фејсбук беше објавено:

  • „Томи Колдвел слободно го качи 15-тиот цуг, вториот чуг кој е во целост пречење на страна во насоката „Dawn Wall”. Со 9а, тоa е најтешкиот цуг во Јосемити и претставува значаен чекор кон евентуалното слободно искачување на целата насока.“

На описот објавен во 2010 година, 15-тиот цуг е означен како озлогласен цуг со странично dyno-движење, а „втората пречка” според објавата на Фејсбук е 14-тиот цуг, кој е комплетна пречка во лево, која е „супертешка пречка по плочи, клучен дел од насоката според изјавите на Кевин.” Сепак, според едни описи, 15-тиот цуг е последниот од пречката, а спред други описи, тоа е 14-тиот цуг.

Самото качување е со мали фаќалишта и со големи распони, лоши стојалишта и трајна мокра површина на 10-тиот цуг со тежина од 8b+. „Dawn Wall” има вкупно 30 цуга, со седум цуга од 8c/8c+, три последователни цуга со тежина од 9а, и седум цуга од 8a/8а+.

Сè на сè, Колдвел и Џоргенсон поставија или променија вкупно 35 експанзивни клина за осигурување, но ова во ниеден случај не е спортска насока. Втората пречка е осигурана со експанзивни клинови, бакарни глави и друга фиксна опрема.

Колдвел ги искористи зимските услови, и заедно со својата објава на Фејсбук тој прикачи и слика на долината Јосемити прекирена со снег. Напредокот продолжува, и оваа насока по сè излгеда ќе биде најтешка big-wall насока за слободно качување во светот.