Наслов

K2 со рекордни услови за качување

Во контраст на црната сезона на Еверест блесна вториот највисок врв на светот со временски услови какви што ретко може да се начекаат, а најверојатно ќе донесат и рекорден број на искачувања во еден ден.

Изминатиов викенд, од 25 до 27 јули благодарение на слабиот ветар и малкуте снежни навеви озлогласената и една од најтешките планини на светот, К2 создаде едни од најидеалните (во споредба со она што може да биде) услови за искачување. 

Иако несвојствено па дури и чудно за временските услови на 8,611 метарскиот гигант кој е познат по суровите ветришта и го носи приматот на најтешката планина за искачување, овој викенд небото се отвори и се создадоа услови за многу веројатен рекорден искачувачки ден на оваа планина.

Иако се уште треба да се потврди, но се претпоставува дека на 26 јули се искачиле преку 30 луѓе што е повеќе од рекордот во 2012 година од 28 луѓе. За подобра евалуација на тежината на оваа планина го даваме и податокот за вкупниот број на луѓе кои успеале да ја качат кој се движи цирка 300 души, компарирано со Еверест на кој се имаат качено преку 6,000.

Во овој период, убавите временски услови го послужија и нашиот Здравко Дејановиќ кој беше токму во погорните логори овој период и на 27.07.2014 во неделата успеа да го искачи К2.

29 Јули 2014

За авторот