„K2 и невидливите носачи” – трејлер

И покрај тоа што се платени далеку помалку од тоа што лидерите на интернационалните експедиции го добиваат, како такви, носачите или т.н. портери на Хималаите, без разлика дали го снабдуваат базниот камп со потребните намирници или одат на повисоки висини каде помагаат во искачувањето на високогорците, тие ја имаат една од најтешките и најопасните работи на светот. Тоа се луѓе кои навистина заслужуваат да добијат признание на вистински планинарски херои.

Лоциран на граница помеѓу Пакистан и Кина, К2 е вториот највисок врв на планетата, но за многу качувачи и поголема награда и цел и од Еверест. Со лимитирани рути, пострмно и далеку потешко искачување т.н. Дивјачка Планина регуларно ги експонира качувачите и носачите на животозагрозувачки услови и временски неприлики. 

Во „К2 и невидливите носачи”, режисерот Иара Ли ги следи животите на пакистанските и непалските шерпаси и екстремните опасности на кои тие се изложени, како и првиот целосно пакистански тим кој во 2014 година go искачува К2 на 60-годишнината од првото искачување.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија